Нов изглед
10/16/06 11:27:39 PM
Сајтов е со нов изглед и организација. Додаденa е страница за коментари, каде може да ги напишете и вашите. Доколку сакате да бидете информирани кога ќе има некоја новост, додадете ја вашата e-mail адреса во листата.
Пратил: blackflash

Нови фотки од фанови
12/14/04 3:25:00 PM
Минатата недела во Скопје гостуваа две светски познати имиња од метал сцената: Kreator (Германија) и Machine Head (САД), па некои од нив имаа прилика да се сликаат со Санаториум. Фотките се додадени во галеријата на фанови.
Пратил: blackflash

Слики од Peace Unlimited Фестивал
12/08/04 3:11:05 PM
Додадени се 10 фотографии од настапот на Санаториум на Peace Unlimited Фестивал кои може да ги видите во галеријата.
Пратил: blackflash

Репорт од Peace Unlimited Фестивал
11/01/04 12:43:53 PM
Настапот започнува со Шпирт во центар на сцената како ги отвара првите тонови од политичката тема „Wasted Existence“. Рус и Црни влетуваат на сцена, Глупсон ги стартува тапаните и блесоците од осветлувањето кои во тој ритам ја прекриваат сцената. Следува задната авторска песна „Во Себе Умирам“ која е најава за новиот студиски материјал и песната „Град“ која веќе почнува да ги нагризува грлaтa на оние во првите редови.

Понатаму одат „Епидемија на Омраза“, „Illusion Of Mind Confusion“, „Live In Silence“ и легендарната „Ultra Speed“ поделена на два дела со вокали на Рус и Шпирт. Публиката ја владее одлично расположение, а ништо поразлично не е ниту на сцената. Шпирт постојано комуницира со публиката, Црни го подава басот кон фановите, се обидува да се качи на кутиите од озвучувањето (на крај завршува со фрлање на басот на сцена), а и Рус и Глупсон ја надополнуваат атмосферата во таа насока.

Следуваат „Санаториум“, „Операција На Мозокот“, „Our Doom“ и „Без Разум И Свест“ каде на почетокот вокалите целосно ги препуштија на публиката за да ги потрошат и задните молекули на енергија во нив.

Иако Санаториум свиреа околу еден час (останатите бендови по 30-45 мин), ова веројатно ќе им биде запишано како најкраток настап во кариерата поради промената на времето со враќањето на 1 час назад токму меѓу 02.00 и 03.00 часот кога што и настапија.
Пратил: blackflash

Peace Unlimited Фестивал
10/22/04 2:53:24 PM
Во Сабота, на 30 Октомври 2004 година, Санаториум ќе настапат на Peace Unlimited фестивал. Фестивалот е организиран од CIVIL како 5-дневно случување со завршен концерт на Скопски Саем во 5-тата хала. Влезниците се по цена од 150 ден и веќе ги има во: Jugoton, Record Records, Life Radio, Bravo, Krug, итн. За концертов покрај Санаториум на официјалниот флаер и плакат се најавени уште следниве бендови: Last Expedition, Blla-Blla-Blla..., Point Blank, D Daltons, Amon mRa and the Patients, Foltin, Bei The Fish.
Пратил: blackflash

Новости 1 - 5 од 14
Нови Следни Предходни Стари